Дараком Тетово info@darakom.com.mk 044/333-388 044/333-611
BK-Fas-Color

BK-Fas Color

Опис и примена

Акрилна високо концентрирана дисперзирана боја со одлична покривна моќ. Отпорна на УВ зрачење и атмосферско влијание. Се користи за боење надворешни и внатрешни ѕидови, како и за тонирање BK-Fas Acryl, BK-Pol, BK-Pol Gold и Bk-Pol Crystal. Се произведува во 13 стандардни нијанси.

Product Description

Припрема и нанесување 

Пред упореба потребно е прво добро да се промеша масата а после тоа по потреба да се разреди со мах. 5-10% вода. Бојата се нанесува со ваљак со долги влакна или четка, најчесто во два слоја. Нанесувањето на вториот слој се врши после потполно сушење на првиот слој, при нормални услови (T=+23-25 ºC, релативна влажност на воздухот =50-60 %), потребни се 4-6 часа.

Доколку се користи како средство за нијансирање на дисперзивни бои пред употреба потребно е да се протресе пакувањето и после тоа со мешање се додава во масата во која се нијансира. Се меша интензивно до поптоплна хомогенизација и распоредување на боја. Максималната количина на BK-Fas Color за 25 kg боја изнесува 2 kg. BK-Fas Color може да се употреби и за нијансирање на фасадни малтери. Различните бои BK-Fas Color можат меѓусебно да се мешаат без ограничување.

Температурата на воздухот и подлогата на која треба да се нанесе треба да биде во опсег од  +5 ºC дo +30 ºC. Да не се работи на директно сонце, ветер или дожд. Високата влага и ниската температурам можат значително да го продолжат времето на сушење на бојата.